Home INFO Денот на раѓање го открива вашиот карактер

Денот на раѓање го открива вашиот карактер

реклама:Велигден со Стаф

Денот на раѓање и неговото влијание врз животот на поединец. Дознајте каков карактер сте според денот на раѓање.

Во недела се раѓаат среќните

Ова е ден под влијание на Сонцето, а според древните толкувања се смета за прв ден од неделата. Според народното верување, неделата е многу среќен ден за раѓањето на детето. Луѓето родени во недела се харизматични, весели и оптимисти. Тие се во постојана потрага по нешто различно и не ги почитуваат правилата. Сепак тие се стабилни, а најчесто имаат среќа во животот.

Родените во понеделник се многу емотивни

Со понеделникот владее Месечината, а според народната традиција во годината има само три понеделници, кои се сметаат за несреќни – првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот во декември. Како што е непостојана месечината, такви се и луѓето родени во понеделник, а најголемо влијание врз нив имаат емоциите. За нив е важно да имаат во животот солидна основа, како што се семејството, пријателите и партнерите од кои произлегува нивната сила.

Во вторник се раѓаат борбени и темпераментни

Вторникот е именуван по планетата Марс, кој по римското верување е бог на војната. Ова, на луѓето родени на овој ден, им носи голема сила, борбен дух и решеност да ги постигнат своите цели. Сепак, под влијание на Марс, тие се „немирни“ и имаат тенденција на нервоза.

Во среда се раѓаат интелигентни и експресивни

Средата е именувана по планетата Меркур, кој беше римскиот бог на трговијата, патувањето и науката. Затоа, луѓето родени на овој ден ги краси интелигенција, елоквентност и големо влијание врз другите луѓе. Сепак, имаат наследено одреден немир и љубопитност, за што им требаат постојани предизвици за да можат да функционираат.

Четврток е ден на оптимистите и независните

Четврток е управуван од страна на Јупитер, кој во митологијата е богот на грмотевицата и дождот. Тој е симбол на експанзија, оптимизам и добар хумор што ги краси луѓето родени во четврток. Тие имаат силно изразена потреба за слобода и независност, и ретко остануваат долго на едно место.

Во петок се раѓаат уметничките души

Петок е денот на планетата Венера, симболот на убавината, љубовта и удобноста. Луѓето родени на овој датум се под влијание на Венера и затоа се сензуални и уметнички типови. На некој начин, тие живеат во свој свет, имаат тенденција на идеалистички поглед на светот и романтични фантазии. Ја сакаат и почитуваат убавината и со неа се трудат да го исполнат својот живот.

Сабота е ден на разумни и практични

Сабота е денот на планетата Сатурн, кој во римската митологија е богот на земјоделството и жетвата, и синот на мајката земја. На луѓето родени на овој ден, Сатурн им носи карактеристики како што се практичност, рационалност и зрелост. Тие уште во помлада возраст се позрели од нивните врсници, и претпочитаат да планираат. Тешко се справуваат со промените што се должи на сомнежот во себе, но тие всушност им користат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------