Познатата македонска старлета и фото модел, Александра Накова беше главна тема во медиумите и на социјалните мрежи.
Се пишуваше дека таа наводно била позитивна на Ковид -19, и се наоѓала во домашна изолација, но не ги почитувала мерките и била забележана како ужива покрај базен во Гевгелија.
По ова таа била спроведена од страна на полицијата и однесена во државен карантин.
Но старлетата не чекаше долго за да се огласи на својот Инстаграм профил и да ја каже нејзината верзија на приказната.
Накова утрово преку својот профил на Инстаграм покрај тоа што ги демантираше овие инфорамции, исто така го објави и негативниот тест од резултатот кој го правела за коронавирус.