Home INFO Диви свињи причина за страшна несреќа во Грција! Повредена е и една...

Диви свињи причина за страшна несреќа во Грција! Повредена е и една наша државјанка (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Македонка е повредена во срашната сообраќајна несреќа која се случила синоќа на автопатот Солун – Нео Петрициу.

Според грчките медиуми, причина за несреќата е чопор од диви свињи кои се нашле на автопатот. Наводно, во околу 23 и 30 часот патролно полициско возило во кое имало полицаец и двајца сопатници се судрило со свињите. Возилото излетало од својата лента. По него уште две возила се судриле со чопорот.

Второто возило кое се судрило се превртело а во него била 50-годишната државјанка на Македонија. Возилото го управувал 56-годишен маж, македонски државјанин.

Третото возило кое се судрило со дивите свињи го управувал 53-годишен локален возач и неговиот 48-годишен сопатник. И двајцата го загубиле животот.

Македонката и тројцата патници од полициското возило се задржани на лекување во болница во Кукуш.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------