Home INFO Доби главна улога: Синот на Цеца Ражнатовиќ снимa филм, погледнете ги првите...

Доби главна улога: Синот на Цеца Ражнатовиќ снимa филм, погледнете ги првите сцени (ВИДЕО)

реклама:Велигден со Стаф

Вељко Ражнатовиќ, синот на популарната српска пејачка Цеца, деновиве е преокупиран со снимање на првиот филм во неговиот живот!

Станува збор за видео посветено на Вељко и неговите боксерски успеси, но и неговиот живот надвор од рингот.

– Имам прилика преку спортот со кој се занимавам да им го прикажам на луѓето моето секојдневие. Со нетрпение го очекувам денот кога ќе го промовираме видео материјалот – изјавил Вељко.

Синот на Цеца професионално се занимава со бокс, а јавноста за ова дозна неодамна откако Вељко ја оствари својата прва победа во професионален бокс меч откако рингот во Јагодина го совлада со нокаут Бугаринот Краштја Јорданов.

На многумина им беше мистерија како Вељко се најде во овие води, а зад сето тоа се крие долг период на тренинзи и одрекувања за кои не сакаше јавно да зборува.

„Ова е вистински пат за мене. Не се криев. Во тишина се работи, а резултатите се гледаат. Некои одат со тоа до 35. година, а јас ќе туркам до кога можам“, рече Вељко во емисијата „Ексклузив“ и откри дека тренира во јавно познатиот белградски боксерски клуб.

Исто така додаде дека не е од оние кои сакаат да се фалат на сиот глас туку сака своите победи да ги прослави мирно, со најблиските.

View this post on Instagram

#tigerblood Victorious.

A post shared by ACE ???????? Српски Ас (@veljkoraznatovic) on

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------