Home INFO Добри совети за брзо чистење на домот

Добри совети за брзо чистење на домот

реклама:

Одржувањето на чист дом не мора да биде голема мака.

Стручњаците откриваат како лесно да го одржувате домаќинството и да ја исчистите куќата во многу краток период.

Паметно одржување на површините

За поголоемиот број на површини во кујната ќе биде доволно некое универзално средство за чистење во спреј, а добро решение е и топол оцет со вода ако само ја одржувате чистотата (природно е, нетоксично и ефтино). За елементите добра е жешката вода и сапуницата (посебно внимание обрнете на рачките и другите подрачја кои често ги допирате). Секако, сето наведено добро се чисти со крпа од микрофибер затоа што таа ќе заврши многу работа.

Правило од две до три минути

Треба да ја задржите потребата да избришете ведаш по нанесувањето на средството за чистење. Ако го нанесете и избришете, не му дозволувате на производот да делува, а на секој производ му е потребно барем две до три минути. На тој начин производот работи за вас, а додека чекате, направете нешто друго, на пример, пуштете ја машината за перење. Правилото од две до три минути се однесува на сите површини, од масата до туш-кабината.

За тоалет

Ако WC школката саката да ја одржите чиста, секој ден правете мешавина од вода и некоја сапуница од стар шампон или гел за туширање и тоа во сооднос 50-50. Со смесата пребришете ја даската и школката, вишокот истурете го во WC-то. Ако имате машки деца, ви предлагаме во близина да имате влажни марамчиња за дезинфекција, со кои ќе ја избришете даската и шољата.

Ослободете се од прашината

Во соба секогаш при рака имајте марамче за една употреба за бришење прашина, па кога има реклами на ТВ, можете да избришете дел од прашината. Тоа е мал напор кој се исплати.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------