Home INFO Доколку не ви се допадне „Threads“, можете да се збогувате со вашиот...

Доколку не ви се допадне „Threads“, можете да се збогувате со вашиот Instagram профил!

реклама:Лето во Банско

Мета ја лансираше новата апликација „Threads“ .

Апликацијата „Threads“, која многумина ја споменуваат како главен ривал на „Twitter“, за кратко време привлече голем број корисници.

Седум часа по објавувањето апликацијата имала повеќе од 10 милиони превземања, откри Марк Цукерберг – извршниот директор на „Мета“.

Сепак, услугата што многумина со нетрпение ја чекаа и која бара сметка на „Instagram“ за да се најавите и да се поврзете, наводно има огромен пропуст: со бришењето на сметката „Threads“ ја деактивирате поврзаната сметка на „Instagram“.

Во дополнителен документ за политиката за приватност, „Meta“ објаснува: „Можете да го деактивирате вашиот профил на „Threads“ во секое време, но вашиот профил на „Threads“ може да се избрише само ако ја избришете вашата сметка на „Instagram“.

Компанијата објаснува дека причината за тоа е што профилот „Threads“ е дел од „Instagram“ профилот на корисникот.

Откривањето на оваа интригантна состојба изненади многумина.

„Threads“ моментално не е достапен за корисниците на ЕУ.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------