Според информациите до кои дојде српскиот Блиц, познатиот фокл пејач Дарко Лазиќ денес ќе биде опериран.
Утрово во околу 8 часот бил пренесен во операциона сала а докторите ќе се обидат со оперативен зафат да ги санираат повредите на колкот.
Поради компликациите по внатрешното крварење, точниот датум на операцијата до последен момент бил неизвесен.
Пејачот се здоби со многу повреди и е во тешка состојба откако пред две недели со огромна брзина излетал од патот со својот автомобил.