Home INFO Дончиќ се врати и направи шоу – 53 поени!

Дончиќ се врати и направи шоу – 53 поени!

реклама:Велигден со Стаф

Лука Дончиќ пропушти еден натпревар поради повреда, но враќањето на теренот го одбележа на спектакуларен начин.

Далас триумфираше против Детроит со 111-105, а словенечкиот ас постигна безмалку половина од поените на својот тим. Заврши со 53 и тоа со само 24 шута од поле и додаде 8 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки за 36 минути во игра. Меѓу другото, постигна 18 од првите 20 поени на Далас и 24 од вкупно 30 на својот тим во првата четвртина.

Со тоа, Дончиќ дојде до неколку големи достигнувања и влезе во друштво на легендите на НБА лигата. Стана само трет кошаркар во историјата, покрај Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, со најмалку пет натпревари во првите пет сезони во НБА, со 50 или повеќе постигнати поени. Освен тоа, сега е четврти играч, по Мајкл Џордан, Коби Брајант и Џејмс Харден со четири натпревари со 50+ поени во една сезона, пред Ол стар викендот. Претходно имаше настапи на кои реализира 50, 51 и 60 поени.

Во длабока сенка на Дончиќ останаа другите кошаркари на Далас. Спенсер Динвиди беше единствен од останатите со двоцифрен ефект, но со само 12 поени. Кај Детроит се истакна Бојан Богдановиќ со 29 поени.

Андреј Јакимовски полека ја достигнува посакуваната форма и од натпревар во натпревар е се подобар во дресот на Вашингтон Стејт Универзитетот.

Тоа го препознаваат навивачите на Кугарс кои му даваат огромна поддршка и љубов на македонскиот кошаркар. Во таа насока е и фотографијата од синоќешниот натпревар против Аризона Стејт на која е еден навивач на Кугарс со транспарент: Џордан, Леброн, Јакимовски.

Македонскиот репрезентативец е на почетокот на својата кариера, а би биле пресреќни кога би достигнал и 10% од кариерите на двете легенди во чие друштво го ставија фановите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------