Home INFO Драма во вилата на Лепа Брена, од паника пејачката почнала да се...

Драма во вилата на Лепа Брена, од паника пејачката почнала да се гуши!

реклама:G Natural

Брачниот пар Живојиновиќ се познати по бројните прослави кои ги организираат во својот луксузен дом.

Но последната “пијанка” во домот на Брена замалку ќе завршела кобно.

Според српски Курир, сопругот на Брена, екс тенисерот Бобан цели два дена без престан конзумирал алкохол. Но во еден момент му се слошило, па итната помош морала да интервенира.

“Боба не штеди кога се во прашање храната и пиењето. Неодамна организираше дружба во неговата куќа па цел ден предходно подготвуваше вкусни специјалитети. А каде има добра храна, мора да има и скапи жестоки пијалоци! Додека ја подготвуваше храната, тој си потпивнуваше виски. Традиционално, никој од куќата на Брена и Боба не излегол гладен и жеден, па тој ги форсираше другарите кои му дојдоа на гости да јадат и пијат” , открива извор за српски Курир кој бил присутен на забавата.

“Во еден момент на Боба му се слоши и и легна на креветот. Веднаш повикавме брза помош која пристигна за десетина минути. Докторите констатираа лоша состојба кај него, како последица од алкохолот. Сепак остана на домашно лекување и веќе наредниот ден се чувствуваше многу подобро!”

Според изворот на Курир, Лепа Брена се избезумила од немилиот настан, а во еден момент во паника почнала и да се гуши.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“