Home INFO Драмата изгледа допрва почнува: Нов скандал од таткото на Меган Маркл

Драмата изгледа допрва почнува: Нов скандал од таткото на Меган Маркл

реклама:

Томас Маркл, таткото на бившата актерка Меган маркл а сега војвотка од Сусекс, од самиот почеток на врската на неговата ќерка со принцот Хари очајно се обидува да заработи на нив.

Томас неколкупати давал скандалозни интервјуа во кои открива интимни детали за својата ќерка а неславно заврши и со неговите лажни папарацо фотографии.

Тато Меркл повторно е во акција за своите пет минути слава. Овој пат тврди дека неговата ќерка никогаш не била толку несреќна.

“Нејзината насмевка е лажна, Меган не знае да се носи со толку голем притисок. Мислам дека е многу уплашена и тоа го гледам на нејзиното лице. Оваа нејзина насмевка е полна со болка” – изјавил Томас во последното интервју.

По венчавката Меган го променила бројот на својот телефон и немала никаков контакт со својот татко.
“Бројот од мојата ќерка не е во функција. Не ја знам ниту нејзината адреса за да и пишам. Ја сакам, ми недостасува и ова е единствен начин на кој можам да и се обратам. Жалам за се но сакам да бидам дедо на нејзините деца и дел од нејзиниот живот” – се оправдал Томас во интервјуто.

Тој се осврнал и на новиот стил на неговата ќерка, тврдејки дека е смешно што се облекува како да е во 1930 година.

Се чини дека драмата со таткото на Меган допрва почнува!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------