Home INFO Почина скандалозната манекенка: Еве ја нејзината приказна

Почина скандалозната манекенка: Еве ја нејзината приказна

реклама:G Natural

Скандалозната манекенка и аристократка, Анабел Нилсон е пронајдена мртва во својот дом.

Како што истакнува полицијата, смртта на 49-годишната убавица не е сомнителна.

Анабел, најдобрата пријателка на Кејт Мос и муза на модните дизајнери Александар Меквин и Џон Галијано беше зависник од хероин од свои 16 години. Како што своевремено тврдеше, само тоа ја спасило да не се убие.

Анабел била исклучителен јавач, знаела да управува хеликоптер, да вози мотор… Во своите помирни фази напишала и книга за деца.

Иако е родена во светот на привелигераните, бидејќи нејзината мајка била Маркиза Кампус ди Сантинели, а нејзината баба по татко била роднина на британската Кралица Мајка, нејзината животна приказна нималку не наликувала на бајка.
Анабел страдала од дислексија, која и правела проблеми во текот на школувањето.

Нејзината друга ера на слава почнала со реалното шоу „Дамите од Лондон“, шоу кое ги прикажува животите на домаќинките од високото општество во Лондон.

Анабел на 16-годишна возраст преживеала брутален и несфатлив напад во текот на кој била мачена и тепана со часови. Тогаш маж ја врзал за дрво и ја тепал. По ова таа морала да оди на пластична операција и долго страдала од психички последици.

Анабел ја шокираше јавноста во 1994 година, со мажачката со Нет Ротшилд. Двојката се запозна на плажа во Индија, а родителите на Нет биле шокирани од неговиот „вулгарен“ избор на сопруга. По разводот по три години брак, манекенката доби огромна сума на пари.


forever & always ???? @annabelleneilson1 ???? rest peacefully

A post shared by Kate Moss ⚓️ (@katemossphoto) on

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------