Таа важи за најстилизирана жена на естрадата, не само во Србија туку и во целиот регион.
За нејзиниот стил пишуваа и многу странски медиуми.
Карлеуша со секое свое јавно појавување го привлекува вниманието на медиумите и јавноста, а многу нејзини модни комбинации се инспирација за милиони девојки.
Позната е по својата дрскост и контроверзност, како и смелите аутфити, но се чини дека овојпат покажа премногу.
Јелена на Инстаграм го промовираше новото црно џемперче но и невообичаено златно здолниште кое на страната има само врвки.
Уште на прв поглед јасно се гледа дека Карлеуша под него не носи ништо.