Home INFO Е ова е популарност: Џенифер Анистон направи хаос на Инстаграм

Е ова е популарност: Џенифер Анистон направи хаос на Инстаграм

реклама:Велигден со Стаф

Педесетгодипната актерка завчера се приклучи на социјалната мрежа Инстаграм и ја објави својата прва фотографија – селфи со колегите од популарната серија „Friends“.

„Сега сме пријатели и на Инстаграм“, напиша Анистон во нејзината прва објава на популарната социјална мрежа.

Веднаш почнаа заследувања и коментари во огромен број, што дури доведоа до технички проблеми и некои корисници не можеа да ја заследат актерката.

Актерката успеа со нејзиното приклучување на Инстаграм да го сруши светскиот рекорд за најбрзо време во кое еден профил добил 1 милион следбеници – таа го сруши рекордот за 5 часа и 16 минути.

Претходно рекордот го држеа британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл. Профилот @sussexroyal стигна до милион следбеници за 5 часа и 45 минути.

Анистон во моментов има 11,3 милиони следбеници.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------