Во време на пандемија, професионален готвач од Ханој, главниот град на Виетнам, се обидува да ги расположи луѓето со новиот… „Корона-бургер”.
– Има една изрека – доколку се плашиш од нешто, треба да го изедеш. Кога ќе гризнеш од сендвичот што личи на вирусот, повеќе нема да се плашиш од зараза. Така ги бодриме луѓето во време на пандемијата, вели шеф Хоанг Тунг, сопственик на пицеријата што се наоѓа во центарот на Ханој.
Хамбургерот се служи со лисја од зелен чај, при што лепчето е во облик на вирус. Ресторанот продава околу 50 „Корона-бургери” на ден.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------