Home INFO Елена Велевска: Го изненади со прескап автомобил за годишницата а тој и...

Елена Велевска: Го изненади со прескап автомобил за годишницата а тој и го направил животот неподнослив

реклама:Велигден со Стаф

Нашата најпозната фолк-пејачка и екслузивка на бугарската продуцентска куќа „Пајнер“, Елена Велевска до пред неколку дена оставаше впечаток во јавноста дека е една од ретките која и покрај работните ангажмани поради која е често отсутна од дома, има идиличен брак и хармонично семејство.

Во скоро сите интервјуа за медиумите пејачката не забораваше да ја истакне поддршката која и ја давал сопругот Маријан со кого е во брак 11 години и има 3 деца.

Пред две години, по повод деветгодишнината од бракот, Велевска го изненади сопругот со неверојатен подарок – луксузен автомобил.
Но неодамна се појавија гласини дека парот се разведува, а Елена денес преку социјалните мрежи ги потврди гласините и го обвини Маријан за семејно насилство.

-Со денови моето име можевте да го прочитате во многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се најмногу поради моите дечиња крајно време е да ставам крај. Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме, за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам… Животот за нас оди понатаму – порача Велевска.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------