По неуспешниот неколкумесечен брак со српскиот бизнисмен Бојан Кариќ, српската дива Јелена Карлеуша има втора среќа со фудбалерот Душко Тошиќ.
Јелена и Душко имаат две ќерки, а според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, бракот е идиличен.
Душко наскоро ќе игра за фудбалскиот клуб “Guangžou RIF” во Кина, а за овој трансфер потпишал договор на вртоглава сума од 5.8 милиони евра кои ќе ги добива на годишна основа.
Деновиве семејството ужива во Хонг Конг, во еден од најубавите и најпрестижни хотели во Кина.