Home INFO Еве кој ќе ги добие милионите на Карл Лагерфелд (ФОТО)

Еве кој ќе ги добие милионите на Карл Лагерфелд (ФОТО)

Фото: Instagram/printscreen
реклама:Велигден со Стаф

Познатиот дизајнер Карл Лагерфелд почина на свои 85 години, а зад себе остави богатство кое се проценува на околу 200 милиони долари.

Со оглед на тоа дека кралот на модата немал семејство ниту пак блски роднини кои би биле легитимни наследници, во јавноста веќе започна да се шпекулира кој ќе ги наследи неговите милиони.

Чудно е и неверојатно, но се претпоставува дека најголемиот дел од богатството ќе му припадне на домашниот миленик на дизајнерот, односно неговата мачка.

Додека беше жив, Лагерфелд во повеќе наврати изјави дека најмногу на светот ја сака својата мачка, Чупет.

Во една прилика изјавил дека дури и би се оженил со своето милениче, доколку беше возможно склопувањето брак со животни.

Во интервју пред една година, на прашањето дали своето богатство ќе и го остави на мачката, славниот дизајнер одговорил потврдно

„Помеѓу другото, да. Не се грижите, има доволно за сите“.

Покрај мачката, која Лагерфелд ја чувал од 2011 година, како потенцијални наследници на неговиот имот во медиумите се вртат имињата на Бред Кронинг, омилениот модел на Карл, и неговиот син Хадсон, кумче на дизајнерот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------