Home INFO Еве колку кешира Ким Кардашијан од само една објава на Инстаграм

Еве колку кешира Ким Кардашијан од само една објава на Инстаграм

реклама:Велигден со Стаф

Ким Кардашијан е најпознатата инфлуенсерка во светот, а овој статус и донесе вртоглава заработувачка.

Со над 329 следбеници само на Инстаграм, Ким е една од најследените личности на оваа социјална мрежа. Со оглед на тоа дека нејзиното име константно е на насловните страни на светските медиуми, нејзината популарност долго ќе трае.

Според проценката, старлетата во 2022 година заработувала момеѓу 620 илјади до еден милион долари за само една објава на Инстаграм.

Пред две години, Ким откри дека од Инстаграм заработила многу повеќе отколку со договорот за реалното шоу “Keeping up with Kardashians”.

Првите моменти на слава, Кардашијан ги доби со протекувањето во јавноста на нејзиниото секс видео а осум месеци по тој настан, нејзиното семејство одлучи да ја искористи својата изложеност во јавност, па ја лансираа првата епизода од своето реално шоу.

И кога социјалните мрежи почнаа вртоглаво да растат, Ким и нејзините сестри добија прилика за зголемување на своето влијание надвор од реалното шоу.

Ким се промовираше себеси како бренд, не само како популарна личност, а друштвените мрежи ги искористи за промоција на своите брендови “Skims” и “SKYNN by Kim”.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------