Home INFO Временска прогноза за денес: Да очекуваме ли повторно невреме?

Временска прогноза за денес: Да очекуваме ли повторно невреме?

реклама:Велигден со Стаф

И денес не очекува променливо облачно време, од попладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------