Home INFO Фрлете ги овие работи од дома за да го зачувате здравјето

Фрлете ги овие работи од дома за да го зачувате здравјето

реклама:

Ако сакате да бидете здрави, не треба само да водите активен живот, постојат некои нешта кои треба да ги отстраните и од својата околина.

Еве кои нешта би требало да ги исфрлите од домот, колку што е можно побрзо.
Стари пластични садови
Прегледајте ги пластичните садови за чување храна кои ги имате и фрлете ги сите оние кои се изработени од цврста пластика која на себе ја содржи ознаката 7 или PC (поликарбонат), бидејќи овие пластични садови можат да содржат бисфенол А.

Произведувачите денес најчесто не додаваат бисфенол А во новите пластични садови, но поголемиот дел од старите со сигурност го содржат.

Износени патики
После секои 500 до 650 километра би требало да ги замените патиките за трчање, вели физиологот Џејсон Карп.

Кога патиките се носат премногу долго, им се истенчуваат перничињата, па токму затоа се јавуваат болки во мускулите и на коските, бидејќи има помалку материјал кој го ублажува допирот на стапалото со тлото.

Ако не трчате, патиките би требало да ги менувате на секои шест месеца.

dedo-raboti-2

Стара четка за заби
Ако забите ги миете наутро и навечер, како што и би требало, четката за заби се троши за многу брзо време.

Таа почнува да се оштетува веќе после два месеца, што значи дека четката за заби би требало да ја замените после само три месеца користење.

Расцветаните четки за заби се и помалку ефективни, па ако ги користите како такви, само ќе го поттикнете крварењето од забите.

dedo-cetkazazabi
Облека која не ја носите
Колку нешта од вашиот ормар не сте ги облекле веќе една година?

Ако вашиот ормар е пренатрупан, фрлете ги сите нешта кои подолго време не сте ги облекле.

dedo-obleka

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------