Home INFO Гејмерот Огнен Тошев ќе ја претставува Македонија на еЕУРО 2024 (ВИДЕО)

Гејмерот Огнен Тошев ќе ја претставува Македонија на еЕУРО 2024 (ВИДЕО)

реклама:

По успехот на Македонските гејмери во 2022 година на светски гејминг натпревар и во Македонија започна со интерес да се следи овој спорт.

Македонецот Мартин Саздов од Свети Николе, познат во е-спортот под псевдонимот Сакса (Saksa) заедно со неговиот тим Тундра го освои првото место на светското првенство во видео играта „Дота 2“ во 2022 годинава во Сингапур.

Македонската еСПОРТ федерација сега е пред нов предизвик и нов натпреварувач кој ќе се потруди да направи голем успех на светско гејминг натпреварување.

Во организација на Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Македонската еспорт федерација се одржаа еЕУРО македонските квалификации.

Учествуваа повеќе од 80 играчи од целата држава во он-лајн квалификацискиот турнир еЕуро 2024, а најдобрите 8 беа дел од финалните натпревари во живо во Арена Еспорт Клуб во Скопје.

Оној кој што покажа најдобра игра и го освои првото место е Огнен Тошев кој за ДИГИ ПЛУС ни раскажа повеќе за себе и неговата љубов кон гејмингот.


Тошев го очекуваат натпреварите во втората фаза на 16 март а доколку успее да се пласира во финалето ќе имаме можност да навиваме за него во Final Showdown во јули.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------