Home INFO Ги изгубија титулите но не и популарноста: Што прават Меган и Хари...

Ги изгубија титулите но не и популарноста: Што прават Меган и Хари во Њујорк (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Набрзо откако стапија во брак, најпознатата брачна двојка – Меган Маркл и принцот Хари се откажаа од кралските должности и сега живеат во Калифорнија.

Во периодов тие се во Њујорк, а повод за престојот е учествуво на концертот „Глобален граѓанин во живо“ во Централ парк во Њујорк во сабота, организиран за промовирање на еднаков пристап до сите на вакцината против Ковид.

Саботниот концерт, на кој ќе настапат Колдплеј, Џенифер Лопез и Лизо, меѓу другите, ќе биде дел од 24-часовниот пренос од градовите низ светот „за спасување на планетата и борба против сиромаштијата“.

Хари (37) и Меган (40) им оддадоа почит на жртвите од терористичките напади на 11 септември во Њујорк со поклонување пред споменикот и посета на музејот.

Како и досега, сите погледи и објективи беа вперени кон брачниот пар кој иако се откажа од титулите, нималку не ја загуби планетарната популарност.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------