Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Ги откри сите пикантерии и стана рекордер во најбзо продавана книга, принцот...

Ги откри сите пикантерии и стана рекордер во најбзо продавана книга, принцот Хари направи хаос со својата автобиографија

реклама:

Веднаш штом ја објави го привлече светското внимание и го сруши рекордот за најбрзо продавана книга за еден ден.

Не стивнуваат реакциите и коментарите за она што принцот Хари го напиша во својата автобиографија.

Како што пишува „Њујорк тајмс“, мемоарите на војводата од Сасекс стана најпродаваната нефиктивна книга на издавачот на првиот ден од објавувањето со 1,4 милион продадени примероци првиот ден и претпродажба во САД, Велика Британија и Канада. Книгата во Обединетото Кралство се продаде во 400.000 примероци.

Во изјава за „Холивуд репортер“, Џина Центрело, претседателка на „Рендом хаус груп“, нагласи: „Гледајќи ги овие извонредни продажби од првиот ден, читателите јасно се согласуваат, Spare е книга што бара да се чита и тоа е книга сo која се гордееме што ја издадовме.“

Спротивно на тоа, книгата A Promised Land („Ветена земја“) на поранешниот американски претседател Барак Обама, во 2020 година забележа 887.000 продадени примероци во првиот ден во САД и Канада, а на мемоарите на неговата сопруга Мишел Обама, Becoming, ѝ требаше една недела да се продадат 1,4 милион примероци. Успехот на книгата на принцот Хари е особено вреден со оглед на тоа што беше обелоденета неколку дена пред објавувањето, па дури и случајно беше пуштена во продажба во Шпанија пет дена пред објавувањето.

Бројката ги вклучува сите формати и изданија вклучувајќи е-книги и печатени копии.

„Првиот цел ден од продажбата на Spare претставува најголемата вкупна продажба од прв ден за која било нефикциска книга досега објавена од Penguin Random House, најголемиот трговски издавач во светот“, според списанието „Пипл“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------