Home INFO Глупава е и во живо изгледа ужасно: Карлеуша без влакна на јазик...

Глупава е и во живо изгледа ужасно: Карлеуша без влакна на јазик распали по Цеца!

реклама:Велигден со Стаф

По скоро пет години, Јелена Карлеуша беше гостин на ТВ Пинк, во емисијата на Огнен Амиџиќ.

Во неколку наврати пејачката потенцираше дека не ја сака својата долгогодишна ривалка, Цеца Ражњатович.

Во нејзин стил, без влакна на јазик, Јелена брутално ја искритикува својата колешка со која со години води судски спорови.

На прашањето која е најглупавата личност на српската естрада, Карлеуша без размисливање ја посочила Цеца, додавајки дека во живо изгледа ужасно и ја плаши.

“Во живо изгледа катастрофално. Мислам дека нејзиниот пластичен хирург и ги затегнувал очните капаци и ова не го направил добро, па кога ќе те погледне, тоа изгледа страшно!” – открива Јелена.

На прашањето дали постои можност некогаш да се смират со Цеца, поп дивата категорично одговорила со НЕ.

Во видеото подолу погледнете на кои скокотливи прашања одговараше пејачката!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------