Home INFO Позната старлета му барала пари за дрога и кондури: Се појави шокантна...

Позната старлета му барала пари за дрога и кондури: Се појави шокантна вајбер перписка на покојниот Зафир

реклама:Велигден со Стаф

Пред само неколку дена на интернет се појави скандалозна преписка на Ѓорѓе Зафировиќ Зафир, кој вечерва беше брутално убиен во Футог.

Зафир преку вајбер комуницирал со српската старлета и модел Ана Корач со која наводно бил во врска неколку месеци пред таа да стане дел од реалното шоу Задруга. Во преписката, старлетата му побарала наркотици и скоро 2000 евра за кондури.

“Срце, дали си можеби во блок А? Ми требаш. Дали имаш кеш? Треба нешто да платам, имам вечер настап па ќе ти ги вратам утре штом станам. Јави се да се видиме!” – му пишала Ана.

Зафир ја прашал кога сака да прати некој да и донесе пари. Откако му се заблагодарува, старлетата добила порака:

“На мажите им се позајмува, на жените им се подарува!”

Целата вајбер комуникација можете да ја прочитате ОВДЕ

Зафир бил близок на српското подземје, а бил познат и на полицијата по бројните криминални дела.

Тој е поранешно момче на српската пејачка Катарина Живковиќ.

Според првичните информации, Ѓорѓе тргнал да се паркира, кога непознати напаѓачи испукале неколку куршуми во него додека бил во автомобилот.

Починал на лице место.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------