Болниците од Ванкувер и Принсетон, од Канада, испратиле апел до граѓанитедека имаат недостиг на пластични држачи кои се ставаат на задниот дел од главата и на кои се закачуваат маските.
Со помош на овие држачи, медицинскиот персонал се ослободува од притисокот на ушите но и болката поради долгочасовното носење на маските.
Никој не очекувал дека помош во донација ќе добијат и од младото момче Куин.
Тој веќе донирал еден куп вакви „ушни чувари“, а компјутерскиот модел кој го користи на 3D принтерот го објавил и јавно, со цел се повеќе луѓе кои се во можност да го следат неговиот пример.
Доколку има некој сака и може да се вклучи во давање ваква помош и за нашите болници, фалјот за 3D принтање може да го симне ОВДЕ.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------