
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Кога температурите паѓаат, а празничната атмосфера се чувствува на секој чекор, нема ништо поубаво од чаша топло греано вино. Овој омилен зимски напиток со мирис на зачини и цитрус е идеален за дружења, релаксирани вечери дома или како совршен додаток на празничната магија. Познатиот британски готвач Џејми Оливер има свој едноставен, но богат рецепт за греано вино – полн со ароми што загреваат и расположуваат. Еве како да го подготвите и вие.
Состојки:
2 мандарини (Клементини)
1 лимон
1 лимет
200 г шеќер
6 каранфилчиња
1 стапче цимет
3 ловоров лист
1 стапче ванила
2 ѕвездасти аниси
2 шишиња црвено вино
Подготовка:
1. Излупете ги мандарината, лиметата и лимонот и исечкајте ги на мали парчиња. Во голем сад ставете шеќер и со лесно мешање оставете да се истопи на средна температура, потоа додајте ја кората од цитрусот, па сето тоа залијте го со сок од мандарина.
Додајте го каранфилчето, стапчето цимет и ловорот. Стапчето ванила исечете го по должина и додајте го во садот, кратко промешајте ја смесата и прелијте ја со вино толку колку да се покријат сите состојки.
2. Оставете на тивок оган смесата да се вари околу пет минути додека шеќерот не се растопи, по што ќе добиете густ сируп. Добиениот сируп е база за совршено вкусно варено вино од кое остатокот од алкохолот дополнително помешан на овој начин нема да изветрее.
3. Кога вашиот сируп ќе поприми кремаста структура, намалете го огнот и во садот додајте зачин анис и сипете го остатокот од виното. Тивко загревајте околу пет минути внимавајќи да не зоврие, потоа виното наточете го во чаши и послужете го.
СОВЕТ: Состојките во рецептот можете да ги намалите или да додајте некои свои омилени во зависност од вкусот што го преферирате. Најважно е да ја следите постапката на приготвувањето на сирупот, кој е база за совршен вкус на варено вино.






