
Хирург од Британија се обидел да најде одговор на прашањето кој е најубав маж на светот.
Во своето истражување тој се водел од формула за која се верува дека е еднаква на совршенство, а потекнува од античките грци.
Според „златните размери“, колку што размерот на лицето или телото е поблиску до 1.618 толку човекот е поубав односно „совршен“.
Па според ова, мажот кој е најблиску до грчката теорија и всушност е најубавиот во светот е Џорџ Клуни.
„Размерот на носот и устата кај Џорџ се 99,6, што значи дека е речиси совршен, а размерот помеѓу очите и брадата исто така“, тврди хирургот.
Тој ја составил и листата од 10 совршени мажи, па таа изледа вака:
1. ЏОРЏ КЛУНИ

2. БРЕДЛИ КУПЕР

3. БРЕД ПИТ

4. ХАРИ СТАЈЛС

5. ДЕЈВИД БЕКАМ

6. ВИЛ СМИТ

7. ИДРИС ЕЛБА

8. РАЈАН ГОСЛИНГ

9. ЗАЈН МАЛИК

10. ЏЕЈМИ ФОКС






