Home INFO „Game of Thrones“: По последната епизода, ќе посетите психијатар!

„Game of Thrones“: По последната епизода, ќе посетите психијатар!

реклама:Велигден со Стаф

Уште неколку месеци не делат од стартот на последната сезона од хит серијата “Игра на тронови”.

Доколку може да се верува на изјавите на дел од актерите од серијата, со месеци ќе треба да се опоравуваме од последната сезона.

“По емитувањето на последната епизода, бизнисот на психијатрите ќе цвета. Сите ќе побараат професионална помош! Ова беше најемотивното искуство во мојот живот” – открила актерката Гвендолин Кристи која во серијата ја има улогата на Лејди Бријана.

Актерите сеуште не можат да се помират со фактот дека снимањето на серијата заврши.

“Се расплакав. Тоа е многу чудно чувство. Не можам да кажам дека сум тажен, повеќе сум среќен што бев дел од овој проект. Упорно одбивав во целост да го прочитам сценариото, но сепак на крај морав да го сторам тоа” – изјавил Кит Харингтон кој ја толкува улогата на Џон Сноу.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------