Home INFO Бившиот сопруг на Ејми Вајнхаус шокираше со својот морничав изглед (ВИДЕО)

Бившиот сопруг на Ејми Вајнхаус шокираше со својот морничав изглед (ВИДЕО)

реклама:Велигден со Стаф

Таа беше на врвот од својата кариера, кога почина во јули 2011 година на своја 27-годишна возраст.

Ејми Вајнхаус беше зависник од наркотици, а како виновен за нејзината смрт многумина го посочуваа нејзиниот поранешен сопруг, Блејк Филдер Сивила.

По нејзината смрт, Блејк призна дека бил првиот што на Ејми ѝ дал хероин, но седум години подоцна реши целосно да ја смени приказната!

Во шоуто „Добро утро Британија” зборуваше за односот со Ејми, како и за заедничката зависност од дрога.

Седум години по смртта на Ејми, Блејк изгледа морничаво и непрепознатливо.

„Ејми и јас бевме заедно шест или седум години, со прекини. Нашата врска беше турбулентна. Имавме еден поголем прекин што беше проследен од страна на медиумите, но ние се смиривме. Со години ме прозиваат поради употреба на дрога, но вистината е дека се дрогиравме околу шест месеци за време на нашиот брак и тоа е тоа. Пред тоа Ејми не земаше дрога, само пушеше марихуана, а јас земав хероин само четири или пет пати“, рече Блејк.

На прашањето од водителот дали чувствува каква било одговорност за нејзината смрт, тој одговорил:

„Јас секогаш ќе се чувствувам виновен, но не сум подготвен да бидам единствената личност што ја обвинуваат. Ејми не правеше ништо што не сакаше да направи. Јас секогаш ќе го носам товарот на вина, и денес мислам дека требаше поинаку да се однесувам“.

Во продолжение, погледнете го целиот разговор.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------