Home INFO Како да направите совршено пире од компири

Како да направите совршено пире од компири

реклама:Велигден со Стаф

Грутки во компир пире? Звучи познато? Професионалните готвачи овој проблем го немаат. Во што е тајната?

Во посебната состојка која компир пирето го прави мазно, но и уште повкусно. Се работи за крем сирење.
Малите тајни на големите готвачи: Тајна состојка која пирето го прави совршено кремасто и вкусно

Оваа состојка многумина не ја ставаат во компир пирето, но кога еднаш ќе пробате, сигурно омиленото пире ќе го подготвувате на овој начин.

Потребно е:

2 кг компири, 2 лажици сол, 3 лажици путер, ½ шоља крем сирење, ½ шоља млеко, сол и бибер.

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Ставете го компирот во тенџере и додадете вода. Ставете сол и добро измешајте. Варете 15 до 20 минути, додека водата не почне да врие и додека компирот не омекне онолку за да може да се прободе со вилушка.

Исцедете го компирот, вратете го во тенџерето. Додајте го путерот, крем сирењето, млекото и мешајте со миксер додека смесата не стане мазна. По желба додајте сол и бибер.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------