Home INFO Продолжуваат најзабавните „МИНИ ВЕСТИ“ за сите деца

Продолжуваат најзабавните „МИНИ ВЕСТИ“ за сите деца

реклама:Велигден со Стаф

Сигурно се сеќавате на најзабавните вести за деца и нивните интересни прилози и прашања кои секојдневно ги поставуваа на своите гости со цел да дознаат се што ги интересира.

По прекрасната дружба во првата сезона во 130 емисии и пауза од една година, „МиниВести“ се враќаат на тв екраните повторно да го соберат целото семејство но и да одговорат на уште многу детски прашања од секојдневниот живот.

“Навистина ми е драго што нашиот проект благодарение на довербата на Телевизија Алфа да не вметнат во нивната нова програмска шема, ќе продолжи со нова сезона. Во ова ново време кога децата на телевизиите немаат забавно-едукативни емисии верувам дека ќе имаме уште многу нови другарчиња кои што ќе не следат во оваа нова сезона.
И овој пат ќе бидеме интересни за сите возрасти, но пред се на нашите тв другари ќе продолжиме да им откриваме многу одговори кои што сигурно ги интересираат, на пример: како да станат пилоти, полицајци,машиновозачи, како настануваат облаците, интерсни факти за животните и природата, како се прават играчките, бомбоните, а се разбира дека ќе бидеме и на најубавите детски настани за да ги поддржиме и вметнеме во нашето тв шоу” – вели Ненад Ѓоргиевски продуцент и проект-координатор на „Мини Вести“.

Малите сезнајковци Марко, Ева, Луциа, Дин, Даријан се само дел од мини редакцијата, а ќе ги гледаме како презентери и новинари во вестите за сите деца.

Пред вестите за големите бидете на Телевизија Алфа и гледајте ги најзабавните вести за сите деца секој работен ден во 17:10 часот!

Во продолжение, ѕирнете ја првата емисија од втората сезона на Мини Вести!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------