Home INFO Како да се опуштите преку викенд

Како да се опуштите преку викенд

реклама:G Natural

Долга е листата на активности која ни помага да се исклучиме, активности кои се пријатни, забавни и кои опуштаат.

Ако прогласиме еден викенд месечно за неработен, можеби ќе можеме некои од овие активности и да ги пробаме.
За собирање на енергија и опуштање иделани се телесните активности кои не бараат големи подготовки, како одење, трчање, пливање, танцување…
Одлични се и активностите кои не забавуваат, како подготвување на некој специјалитет кој подолго време сакаме да го пробаме или фотографирање, цртање, преслушување на стари CD-а, гледање на омилените филмови, читање, дружење.
Клучни се зборовите „опушти се“ и „забавувај се“.
За опуштање иделани се телесните активности кои не бараат големи подготовки, како одење, трчање, пливање, танцување…
Со оглед на тоа што ова не може да се постигне само со желба, треба да исполнете некои барања.
За почеток, прогласете еден викенд за неработен – нема купување, нема чистење на домот…
Но, можете да размислувате и во сосема друг правец и да пробате други тактики.

Да бидеме реални, не можеме од викендот да очекуваме чуда. Размислете што повеќе ви одговара: појадок во кревет или лесно трчање. Или одлучете во моментот кога ќе се разбудите и кога ќе погледнете во часовникот.

Кафе или правосмукалка
Стресниот викенд најчесто е последица на спротивставени потреби – оние за друштвениот живот и оние за живот во чиста околина. Ако семејството заеднички ги спои силите, станот може да се исчисти и во петок навечер. Ова може да биде и заедничка активност во саботното претпладне: со добра музика, чистењето може да се претвори во дружење.

Спа во сопствената бања
Кога ја чистите бањата, наместо да го мразите целиот свет, ветете си купка која ќе ве опушти. Па така, чистењето и гланцањето може да биде само вовед во еден удобен ритуал – спа во сопствениот дом.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“