Home INFO Како да се ослободите од лошиот мирис на цигари во домот

Како да се ослободите од лошиот мирис на цигари во домот

реклама:G Natural

Доколку сакате да се ослободите од мирисот на цигарите кој се вовлекува во блеката, завесите, мебелот, теписите ви предложуваме неколку начини за тоа.

За почеток, кој дел од домот и да го чистите, откако ќе завршите, направете го следново:

Ширум отворете ги прозорците.
Набавете прочистувач за воздух и оставете го вклучен неколку дена.
Наполнете шише со распрскувач со есенцијално масло (од лимон или лаванда) и испрскајте го мебелот, внатрешноста на плакарите и теписите.

Потоа, одредени делови од вашиот дом важат за најголеми собирачи на непријатниот мирис од цигарите. Дознајте како на најефикасен начин да го исчистите секој од нив.
Тепих

Сипете поголема количина сода бикарбона по тепихот и патеките. Оставете ја да отстои дваесеттина минути, па исчистете со правосмукалка. Содата ќе го отстрани непријатниот мирис и од најдлабоките делови на тепихот. Ако во вашиот дом со години се пушат цигари, најверојатно ќе морате да го повторите ова неколку пати.

Ѕидови

Освен долготраен мирис, чадот ќе остави и жолтеникава нијанса на ѕидовите. За да се ослободите и од двете, намокрете крпа со универзално средство за чистење и поминете со неа преку сите ѕидови. Секако, пред тоа направете тест на помал дел од ѕидот за да бидете сигурни дека нема да ја оштетите бојата на ѕидовите со чистењето.

Потоа, помешајте еднаква количина алкохолен оцет и вода, нанесете го растворот на крпа, па уште еднаш поминете ги сите ѕидови. Ако и понатаму чувствувате мирис на цигари, размислете за повторно кречење.
Тапациран мебел

Ќе забележите дека мирисот на цигарите најтешко и најбавно се отстранува од тапацираниот мебел. Можете да го пребришете со алкохолен оцет растворен во вода или да сипете сода бикарбона, да почекате 24 часа, па темелно да исчистите со правосмукалка.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------