Home INFO Како да воспитате успешни деца, совет од мајката на Илон Маск

Како да воспитате успешни деца, совет од мајката на Илон Маск

реклама:

Најбогатиот човек на планетата, Илон Маск, е најстарото дете на Меј Маск.

Меј е мајка на три деца, секое успешно во она што го работи.

Илон е извршен директор и основач на компанијата за електрични автомобили „Тесла“ и е мегамилијардер. Нејзиното средно дете, Кимбeл, е сопственик на синџир ресторани, а најмладата, Тоска, е филмски продуцент и режисер.

Во својата книга „Жена со план“(A Woman Makes a Plan), Меј открива
како успеала да одгледа три успешни деца.

„Луѓето често ме прашуваат како одгледав толку успешни деца. Им велам дека им дозволив да ги следат своите интереси“. – открива госпоѓа Маск.

Таа станала самохрана мајка на три деца кога имаше 31 година работејќи полно работно време затоа што немала избор.

„Работев напорно за да го задржам покривот над главата, да имаме храна во стомакот и основна облека на грбот“, вели таа и додава дека често купувала облека на старо.

Таа смета дека луѓето треба да работат на рана возраст откривајќи дека имала осум години кога таа и сестра ѝ почнале да му помагаат на татко им да креира месечни билтени за неговата клиника за хиропрактика.

„Моите родители не третираа како возрасни на кои може да им се верува, а нивното влијание е видливо во тоа како ги воспитав моите деца“.

Кога станала родител, Маск им дозволила на децата да ѝ помогаат во нејзиниот бизнис со исхрана.

Ги воспитала своите деца како што ја воспитувале нејзините родители: да бидат независни, љубезни, чесни, внимателни и пристојни.

„Оставете ги вашите деца сами да се справат со документите за запишување на универзитет или за оглас за работа. Тие треба да бидат одговорни за својата иднина. Или ако претпочитаат да почнат бизнис и мислите дека тоа е добра идеја, поддржете ги. Научете ги вашите деца на добри манири. Оставете ги сами да одлучат што сакаат“, вели таа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------