Home INFO Знаете ли што треба да сторите со ланското велигденско јајце?

Знаете ли што треба да сторите со ланското велигденско јајце?

реклама:

Првото вапцано јајце во домаќинството или народски чуваркуќа, според верувањата ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло.

Првото црвено јајце се чува до икона, до следниот Велигден.

Кога следната година ќе бојадисаме ново јајце, старото се пушта низ река, за водата да го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните.

Другин обичаи кажуваат дека ланското велигденско јајце, треба да го закопате во земја. Пожелно е во близина да има насадено цвеќе.

Според верувањата, старото црвено јајце е полно со негативна енергија и не треба и понатаму да го чувате во домот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------