Home INFO Како се лутат хороскопските знаци

Како се лутат хороскопските знаци

реклама:FBE FAKULTET

Некои хороскопски знаци се поагресивни и на отворен начин ја искажуваат својата лутина и бес, веднаш реагираат и без размислување влегуваат во караница.

Некои други се смирени, промислени и не влегуваат така лесно во конфликти. Огнените знаци (Овен, Лав, Стрелец) се најагресивни и најраздразливи, Земјените (Бик, Девица, Јарец) имаат доста трпение, но кога еднаш ќе ги разлутите, тешко простуваат.

Воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија) се трудат да ги избегнуваат караниците и преку компромис и дипломатија да ги решат караниците, додека Водените знаци (Рак, Шкорпија, Риби) го собираат бесот во себе и ја кријат својата лутина.

ОВЕН – Како претставник на огнените знаци, Овнот има краток фитиљ. Во состојба е да разбесни и за најмала ситница, а секоја навреда ја доживува како напад врз сопственото его. Тој е нестрплив и агресивен, меѓутоа како што брзо се лути, така брзо и простува. Неговите напади се бурни, тој црвенее, беснее, се дере, но веќе во следниот миг се е заборавено и забавата со него продолжува.

БИК – Бикот е земјен знак и тоа го прави многу стрплив. Понекогаш би помислиле дека може да трпи дури и ако некој му скока врз глава, затоа што тој дефинитивно ги има најголемите живци. Но затоа, доколку еднаш се налути, тоа личи на нешто како вулканска ерупција и тогаш е најдобро на еден одреден период да се одалечите со километри од него.

БЛИЗНАЦИ – Како воздушен знак, Близнаците се неверојатно интелигентни и хиперактивни. Немаат испади на бес и хистерија, но доколку се изнервирани, ќе му возвратат на противникот бирајќи ги вистинските зборови со кои ќе го надмудри својот противник. Секогаш ја проценува ситуацијата, и ако не му се допаѓа крајниот резултат, не се ни труди. Својата нервоза ја лечат слушајќи гласна музика

РАК – Раковите воопшто не ги трошат своите живци на другите и ништо не може да ги изнервира. Тие се грижат и размислуваат за она што ги изнервирало, но ретко имаат испади на бес. Го собираат гневот во себе, а се лечат со излегување во теретана или во кафана. Никогаш не реагираат на лоши зборови, а ова нивно воздржување често резултира со психички проблеми.

ЛАВ – Како и останатите огнени знаци, Лавовите се експлозивни, но не во таа мера како Овенот. Многу се раздразливи, но и тие по одреден период забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и ги побива сите аргументи. Затоа што е праведен знае и да попушти ако види дека погрешил, но со оглед на тоа дека не сака многу караници, во свое време си премолчува и си продолжува по свое.

ДЕВИЦА – Девицата се смета за најсмирениот хороскопски знак. Максимално се контролира и е свесна за секој свој збор и постапка, па оттука ретко зборува лошо и не пцуе. Премногу е „културна“ за да го каже тоа што и пречи, а секогаш е незадоволна. Своите живци ги смирува со книга и музика, а поради сокривањето на лутината со време станува депресивна. Знае да се извини.

ВАГА – Вагите се трудат да не се нервираат или барем добро да ја прикријат својата нервоза. Ги погодуваат секакви ситници, но кога ќе сфати дека нема причина за нервоза, почнува да се мази и лигави. Најмногу што може да направи е да стане и да си замине од просторијата, затоа што нејзините дипломатски карактеристики не и дозволуваат да влегува во караница.

ШКОРПИЈА – Шкорпијата е страшна „лутка“ и не и треба многу за да се налути. Најпрво почнува да провоцира и секогаш е спремна за ниски удари. Откако ќе успее да ја започне караницата следуваат пцовки, навреди, а понекогаш е во состојба и физички да нападне. За ситуацијата да биде уште полоша, тоа нема да и биде доста, затоа што мора да се задоволи и со одмаздничките нагони. Шкорпијата трпеливо чека и го бара вистинскиот момент за својата отровна одмазда.

СТРЕЛЕЦ – Стрелецот воглавно им ги кине живците на луѓето околу себе, затоа што најчесто го кажува тоа што го мисли и кога никој ништо не го прашува. Кога ќе се изнервира е потполно непредвидлив, а она што е најкарактеристично за него е дека кога еднаш ќе го изнесе својот став, не го менува, а истовремено можно е ладнокрвно да ја соопшти својата порака без желба за караница или пак да искрши се околу себе од бес – да вика, да пцуе и да крши предмети по дома.

ЈАРЕЦ – Дисциплинирани и организирани, Јарците максимално се контролираат и не сакаат да се разбеснат. Но, доколку на крајот не успеат во тоа, во состојба се да направат бучава и галама и да не се смират со денови. Меѓутоа, поради добрите односи со околината, спремни се да премолчат, а на крај повторно да биде по нивно. Знаат да бидат многу непријатни и да одат од крајност во крајност – сосема да ве отпишат и никогаш да не ви дадат втора шанса.

ВОДОЛИЈА – Лесно се лутат, но брзо забораваат. Лути се кога чувствуваат дека некој им ја одзема слободата или кога некој се сомнева во нив. Затоа што сметаат дека знаат се најдобро, сакаат на другите „да им солат памет“. Кријат од другите кога се повредени, а тогаш стануваат најопасни – подготвени на агресија и одмазда.

РИБИ – Рибите се пречувствителни, се сфаќаат лично и поради тоа често се лутат. Постојано го менуваат расположението и не знаат што сакаат, но затоа знаат што не сакаат. па ги нервира кога некој се обидува да им ја промени одлуката. Главно, Рибите својата лутина ја чуваат во себе, што е лошо затоа што во подоцнежните години им се јавува депресија и тага. Доколку им се извините, брзо забораваат и не се злонамерни.

РЕКЛАМИ:
Loading...