Home INFO Седум типови на жени кои никој не ги сака на Фејсбук

Седум типови на жени кои никој не ги сака на Фејсбук

реклама:Велигден со Стаф

Не се само мажите оние кои умеат да иритираат со своите активности на друштвените мрежи.

Тоа важи и за некои жени кои Фејсбук почнале да га сфаќаат многу посериозно од она што Закерберг го замисли…

Па, кои се тие неверојатно иритантни „женски работи“, кои се дел од вашите виртуелни пријатели.

Еве го списокот…

1. Патетика, патетика и уште малку патетика

„Тешки“ статуси, стихови од познати љубовни песни и индиски поговорки, пропратени со многу звездички и срциња, спаѓа во самиот врв на иритантни активности.

2. Менување на фотографии на профил

Ок, згодна си и фотогенична, но 250 профил слики во три исти пози или со своето „момче“ едноставно е премногу. Остави нешто и за твојата приватна колекција.

3. Љубовен статус

После три состаноци – во врска, после првата кавга – комплицирано е, после десеттата  слободна, а по раскинвањето – во врска со најдобрата пријателка. Се извинил – повторно во врска… Уф!

4. Величење на сама себе

За жал, постојат и девојки кои секоја пријава на друштвените мрежи ја користат за величење на самите себе. Јас убава, јас паметна, јас успешна. И тоа не е напишано со шифри. Секако дека ќе се пофалиш со некој твој успех, но некако секогаш повеќе се фалат оние кои постигнале најмалку, но од некоја непозната причина замислуваат дека се ѕвезди.

5. Модели

Имаш ли пријатели кои ја објавуваат секоја своја комбинација? Може ли некој да им објасни дека за такви работи постои опција „моден блог“?

6. Новопечени мајки

Веруваме дека нема поубаво чувство, но останатите не треба да го гледаат баш секој миг од растењето на твоето дете.

7. Девојки од теретана

Тоа е паметна одлука, но режимот на твоите вежби за тело и исхрана е само твоја и работа на твојот тренер. Никој не го интересира твојот „здрав“ оброк. Евентуално само машкиот дел од публиката ќе биде заинтересирана за некоја слика од теретана… и тоа е тоа…

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------