Home INFO Какво време не очекува за Велигденските празници

Какво време не очекува за Велигденските празници

реклама:Велигден со Стаф

Велигденските празници ќе донесат и потопло време, прогнозира Управата за хидрометеролошки работи (УМХР)

Утринските температури во среда ќе се спуштат до минус три, а во четврток до минус еден степен.

Од петок ќе има затоплување и позитивни утрински температури, а дневните ќе се движат од 18 до 26 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

За време на викендот претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи.

Најтопло, според УМХР ќе биде в недела, со минимални температури од 5 до 10 степени и максималните ќе достигнат до 26 степени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------