Home INFO Огромна трагедија во семејството на славниот Роналдо

Огромна трагедија во семејството на славниот Роналдо

реклама:Велигден со Стаф

Популарниот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата вереница Џорџина Родригез со нетрпение го очекуваа доѓањето на свет на нивните близначиња.

За жал, при породувањето, почина едно од новородените бебиња.

Лошата вест ја потврди и Роландо, со емотивна објава на Инстаграм:

“Со длабока тага мораме да соопштиме дека почина нашето машко бебе. Тоа е најголемата болка која може родителите да ја почувствуваат. Единствено раѓањето на нашето женско бебе ни дава сила да го преживееме овој момент со некаква надеж и среќа.

Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна експертска грижа и поддршка.

Сите сме скршени од оваа загуба и љубезно замолуваме за приватност во овој тежок период.

Наше момче, ти си наш ангел. Секогаш ќе те сакаме.”

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------