Home INFO Карлеуша го прозва Саша Поповиќ! Ја откри вистината за “Ѕвездите на Гранд”

Карлеуша го прозва Саша Поповиќ! Ја откри вистината за “Ѕвездите на Гранд”

реклама:Велигден со Стаф

Во едно свое тв гостување, Саша Поповиќ се осврна на мега популарното шоу Ѕвездите на Гранд, без да пропушти да ја коментира и Јелена Карлеуша, која цели шест години беше во жирито на музичкиот проект.

– “Ја ценам Јелена, таа шест години беше дел од Ѕвздите на Гранд. Колку таа беше од значење на шоуто толку и тоа за неа. Ако ви кажам дека таа ја зголеми цената на своите настапи за 300 проценти во периодот од 2015 до 2020 година. Денес не можете да ја имате Карлеуша на настап без да платите 12, 13 или 20 илјади евра”- истакна Поповиќ и додаде дека пред да стане дел од шоуто, таа буквално била забранета на сите национални телевизии.

Карлеуша не остана имуна на овој коментар на првиот човек на музичкото шоу, па откри дека цели шест години не земала ниту еден денар од проукцијата.

– Го обожувам Сале! Се што кажа е вистина! За жал, целата моја кариера јас сум забранета, што е голема неправда и кршење на човековите права. Точно е и дека моите концерти чинат трипати поскапо. Сега сум најплатена! Точно е дека ми излезе во пресрет кога никој друг не сакаше, но поради ова јас цели шест години работев без да земам ниту денар, бидејки сум добар човек кој знае да цени. Но сметам дека се оддолжив. Ѕвездите на Гранд со мене процветаа и имаа најголем пик. После мене, никој веќе не ги гледа. И за крај, драг мој Сале, доколку Ѕвездите на Гранд се толку многу влијателни, зошто единствено на мене ми скокна хонорарот? Затоа што јас се борев за тоа. Ќе повторам, Ѕвездите на Гранд без мене не постојат. Никој не пишува за вас, освен кога ќе ме спомнеш мене или некој кандидат пее моја песна! -напиша Карлеуша на Инстаграм.

Пејачката откри дека си заминала од шоуто откако побарала да почне да добива хонорар, но челниците на продукцијата ја одбиле.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------