Home ЗАБАВА Занимливости Келнер по грешка на гостин му послужил вино од 4 500 фунти

Келнер по грешка на гостин му послужил вино од 4 500 фунти

реклама:Велигден со Стаф

Среќен гостин во Манчестер не нарачал , но по грешка добил вино од кое едно шише чини 4 500 фунти.

Ресторанот ,,Хаксмор Манчестер” на Твитер објави како се надева дека гостинот уживал во вечерата , откако келнерот по грешка му послужил шише од виното Chateau le Pin Pomerol од 2001 година.

Ресторанот му ја простил грешката на келнерот со објаснување дека е можно да се случат такви грешки , а на гостинот му порачале дека ,,сепак го сакаат”. На социјалните мрежи ресторанот доби пофалби поради тоа што не го казниле келнерот.

Според винските експерти , од ова вино се произведени само 500 картони , вино бво кое бил вложен голем напор и има виолетово – црвена боја. Не е познато каква цена платил гостинот откако го испил шишето од скапото вино.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------