Денеска сите балкански медиуми ја пренесоа веста дека најмалата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани е во Белград која што уште од првиот ден очигледно била добро упатена како да ги помине вечерите таму.
Она што таа го сподели на социјалните мрежи беше видеото од една кафана каде што со своето момче и пријатели ужива во звуците на хармониката.
Таа во Србија планира да остане 11 дена, а денешниот ден го искористила и да прошета во центарот на градот придружена од силно обезбедување, а своите впечатоци редовно ги објавува на својот Инстаграм.