Во серијата објави на својот Инстаграм профил, Кание Вест постираше и фотографија од славниот брачен пар Бијонсе и Џеј Зи.
Оваа фотографија ја заинтригира јавноста, особено што подолг период двете семејства не се во добри односи.
Бијонсе и сопругот позираат во автомобил, а пејачката носи обувки слични на оние кои ги дизајнираше Кание за својата Yeezy модна линија.
Под објавата тој кратко напиша “фамилијааа”.
Очигледно односите се подобриле и славните двојки ги закопале секирите.
Да потсетиме, причината за кавгата на Кание со Џеј Зи и Бионсе, според изјавите на Вест е неприсуството на двојката на неговата венчавка со Ким.
Свадбата се случуваше во периодот кога пејачката и раперот имаа брачни проблеми.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------