Home INFO Колку милиони доби Емина Јаховиќ од разводот со Мустафа Сандал?!

Колку милиони доби Емина Јаховиќ од разводот со Мустафа Сандал?!

реклама:G Natural

Поп-ѕвезда Емина Јаховиќ и мега популарниот турски пејач Мустафа Сандал, пред неколку месеци ставија точка на деценискиот брак.

Она што најмногу ги интересира медиумите во регионот е кој и колку ќе заработи од разводот.

Како што соопштуваат турските медиуми, двајцата се согласиле старателството над децата, Јаман (9) и Јавуз (6), да припаднат на мајката, додека таткото ќе може да ги гледа во договорено време. Се додека биде сама, Емина ќе добие месечен надомест за себе од неполни 3.000 евра, а ако повторно влезе во брак, ќе го изгуби правото на него.

Според другата, поинтересна финансиска сметка, разводот со Емина, Мустафа ќе го чини околу 12.000.000 евра.

На Емина и припаѓаат две третини од прекрасната вила која се наоѓа во богата област во Истанбул, која ја градеа пет години. Целиот мебел е дизајниран од страна на тимот од „Армани“, а само во бањата се инвестирани 100.000 евра,за рачно изработени елементи.

Ако ја продадат оваа градба, а проценката е дека цената нема да биде помала од три милиони евра, Емина ќе добие две, но таа ќе мора од тие пари да одземе 50.000 евра за да плаќа за школарината на своите деца. Во рок од четири години, Мустафа е должен да ѝ купи куќа или стан во Србија во вредност од 250.000 евра. Исто така, тој е обврзан да и обезбеди автомобил во вредност од 50.000 евра.

Емина ќе може да ја користи три месеци во годината и луксузната јахта.

Мустафа во име на алиментацијата на своите синови ќе мора да плати околу 2.000 евра месечно, а годишно за нивниот одмор ќе мора да одвои околу 10.000 евра.

Според турските медиуми, во моментов Емина е во нова љубовна врска со познат турски милионер.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------