Home INFO Клои Кардашијан ја продава вилата што ја купи од Џастин Бибер (фото)

Клои Кардашијан ја продава вилата што ја купи од Џастин Бибер (фото)

реклама:Велигден со Стаф

Уште една од сестрите Кардашијан која што ужива голема популарност е актуелна овој период во медиумите.

Американската ријалити ѕвезда Клои Кардашијан (35) се прослави во 2007 година кога нејзиното семејство Кардашијан-Џенер започна да снима ријалити шоу под називот „ Keeping Up With The Kardashians“, а сега оваа убавица сака да ја продаде својата вила во Лос Анџелес.

Имено, телевизиската личност во 2013 година додека беше во брак со поранешниот кошаркар Ламар Одом (40), купи вила во Холивуд и тоа од канадскиот пејач Џастин Бибер (26), која во тоа време ја плати 9 милиони долари.

Имотот се простира на повеќе од половина хектар, а самата куќа во населбата Калабасас во Калифорнија има повеќе од 1000 метри квадратни.

Меѓутоа, она што резиденцијата ја прави спектaкуларна е фактот што собите се уредени на многу посебен начин и ќе им се допаднат на многумина кои сакаат пастелни бои во ентериерот.

За тоа бил заслужен познатиот дизајнер на ентериер Мартин Лоренс Булард (53), чии идеи веднаш биле прифатени од Клои.

Куќата и градината се покажани во реномираниот магазин „ Architectural Digest“, заедно со куќата на нејзината сестра Клои која живее во близина. Сестрите го ангажираа истиот дизајнер, па се гледа неговиот печат.

Во куќата има елегантен базен, но посебно внимание привлекува големиот и преубав двор со многу цвеќе.

Место за сончање покрај базенот, како и неколку посебни „градинарски соби“, кои пружаат прилика за одмор, опуштање, седење со гости и тивка попладневна сенка, се омилените места на познатата инфлуенсерка која постојано го снима својот дом и го покажува на своите следбеници на Инстаграм.

Куќата е понудена за продажба во мај оваа година за скоро 19 милиони долари, што значи дека Клои ќе има профит од 10 милиони долари во однос на платената цена во 2013 година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------