Home INFO Кој период од денот е најдобар за вежбање?

Кој период од денот е најдобар за вежбање?

реклама:Велигден со Стаф

Телото за многу работи функционира врз основа на внатрешниот часовник.

Овој софистициран механизам ги контролира сите важни процеси во телото, а го поттикнуваат активностите и надворешните фактори.

Овој систем функционира при менување на денот и ноќта. Во текот на денот е активен т.н. систем „симпатикус“, а во текот на ноќта „парасимпатикус“.

Првиот е одговорен за состојбата на будност, ги активира процесите за трошење на мастите и производството на енергија, додека вториот е одговорен за состојба на релаксираност и поспаност и го поттикнува варењето на храната во телото.

Имајќи го предвид таквото внатрешно функционирање на човечкото тело, оптимално време за физичка активност е првиот дел од денот.

Сепак, бидејќи по будењето на телото му треба одредено време за да се раздвижи, не се препорачува интензивно вежбање рано наутро.

На оптималното време за тренинг влијае и индивидуалниот метаболизам и животниот стил.

Следејќи ја природата на човечкото тело, најдобро е да се вежба во текот на денот, а не навечер.

Доцните вечерни тренинзи можат да го нарушат внатрешниот часовник, односно можат негативно да влијаат врз процесот на спиење и регенерирање на телото.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------