Home INFO Колку хороскопските знаци се подготвени да направат СЕ за својот партнер

Колку хороскопските знаци се подготвени да направат СЕ за својот партнер

реклама:Велигден со Стаф

Што би направиле хороскопските знаци  во ситуација да направи СЕ за својот партнер?

Лавот ќе го преврти целиот свет, девицата е подготвена за големи дела, а рибите се прават ненаметливо …

Овен
На се се подготвени за личноста која им значи, не бираат средства со кој ќе го постигнат тоа и не ги интересира кој што мисли за нив. Ако сте припадник на машкиот пол, вашите напори скоро секогаш вродуваат со плод, бидејќи сте упорни и духовити. Доколку сте жена, не се колебате, дали во сред ноќ да му се јавите или да се појавите пред неговата врата. Секогаш ја следите својата импулсивност и го одбирате вистинскиот момент да го изненадите вашиот партнер.

Бик
Не постои нешто што не би го направиле за емотивната состојба на својот партнер и никогаш не се откажуваат. Букети цвеќе, чоколади, карти за омилениот концерт, романтична вечера, СМС пораки – се само дел од репертоарот кој мажот роден во знакот на Бик ќе ги искористи да ја импресионира својата партнерка. Ако сте жена, вашата вродена женственост и заводнички способности се вашиот главен адут со кој на саканата личност ќе и покажете колку ви значи.

Близнаци
Набрзина без размислување правите пријатни работи за личноста која ви значи, па и пишувате пораки, мејлови, резервирате во нов ресторан или пстојано ја барате на телефон. Се дружите и разговарате со нејзините роднини , пријатели и колеги, за од нив да дознаете уште некој податок плус кој ќе ви биде од корист во вашиот подвиг, да покажете колку ви значи.

Рак 
Длабоки емоции чувате длабоко во вас, па вашиот партнер ќе го освоите со вашето срце. Вашата вродена срамежливост и отстапува место на вашата упорност и пожртвуваност која ја криете под маската на повлечена личност и голем емотивец. Личноста за која се грижите секогаш може да смета на вас, во било какви проблеми да се најде, бидејќи вие за неа сте секогаш тука – во добро и лошо.

Лав
Вашата великодушна природа ве прави вистински витез, кога е во прашање личноста која ја сакате. Па поради неа ќе се преврти светот наопачки, а на вас може да се потпре во било кое време. доколку сте жена, поради вродениот шарм, спремни сте за емотивниот партнер да направите многу повеќе, отколку тој за вас. Ќе се ангажирате лесно и ќе се јавите на сите можни места само да биде среќен.

Девица
За личноста која ја сакате, спремни сте да направите големи дела, бидејќи вие сте некој кој ја докажува љубовта преку дела, не со зборови. Затоа некогаш сте премногу практични, отколку романтини, но се тоа за да му докажете на партнерот дека не треба да се грижи за ништо. Покрај вас тој никогаш нема да има чувство дека нешто му фали, бидејќи што и да направите за вас тоа нема да е голема работа.

Вага
Спремни сте на се во име на вашата љубов, па знаете да се збогувате со гордоста, бидејќи што ќе ви е гордост ако не сте со некој кој го сакате. Во ваша полза вашата вродена дипломатија ве спасува од понижување во очите на другите, бидејќи не знаете да го процените моментот кога на вашата сакана да и покажете на се што сте подготвени. Спремни сте на солзи, жртви особено доколку се случи некое недоразбирање.

Шкорпија
Вие се можете и се умеете, а најмногу кога некого сакате со целото срце, па тогаш не е важно дали емотивниот партнер ви возвраќа со иста доза, бидејќи љубовта не се мери. Таа или постои или не – средина нема, па вие не тактизирате, ниту се сомневате дека треба да дадете се од себе, за саканата личност да е задоволна, Па така дури и вашата вродена потреба за доминација ја сместувате во втор план.

Стрелец
Иако на прв поглед не делувате така, вие сте подготвени на многу одрекувања доколку е потребно на партнерот да му докажете колкава е вашата љубов. Кога личноста за која се грижите има проблеми, веднаш реагирате и правите се само да и помогнете. Ништо не зборувате однапред, но решение секогаш ќе најдете.

Јарец
Многу ве доживуваат како воздржана и груба личност, но тоа е само маска. Доколку некој ви се допадне, се фрлате како тепих пред него и му дозволувате се. Повеќе работите, отколку што зборувате. Важно е дека личноста која ја сакате нема да се почуствува лошо додека е со вас.

Водолија
По упорни и тврдоглави отколку што некој може да претпостави, па за саканата личност спремни сте да отпатувате и на крај на свет. Доколку сте предизвикале проблеми во емотивната врска нема да се откажете додека не ја вратите наклонетоста на вашиот партнер. Иако сте суетни, таа особина ја притискате во себе пред фактот дека среќата на тој што ви значи е поважна.

Риби
Вие сте мајстор за да направите конфузија од емотивниот живот, но исто така сте способни и да ја вратите рамнотежата во односите со партнерот. Тајната е во тоа што вие се правите ненаметливо, од околу, полека и не се откажувате. Дури во еден момент кога се изгледа изгубено – излегувате како победник бидејќи вие сте нашле излез од тунелот, иако и на вас не ви е јасно како.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------