Home INFO 108 причини зошто не слабеете

108 причини зошто не слабеете

реклама:Велигден со Стаф

Не е ништо ново ако ви кажеме дека е тешко да се симнат вишокот килограми, но постојат 108 причини кои ве спречуваат во вашиот подвиг.

Експертите тврдат дека врз дебелеењето влијаат различни фактори.

Почнувајќи од користење на далечинското, до погрешени пријатели, секаде одењето со автомобил, се само дел од причините за вишок килограми.

Гените, досадата, скапите теретани, огласите за нездрава храна – се ова спротивно влијае на вашата диета. Иако некој фактори како генот на пример не може да ги смениме, но можеме да ги промениме навиките кои ве дебелеат.

Факторите за дебелеење се поделени во седум групи: социјални, психички, прехрамбени, телесна активност, опкружување, физиологија, телевизија, компјутери и списанија.

Погрешните пријатели влегуваат во првата категорија. Иако сигурно се забаваувате одлично со своето друштво, тоа може да влијае да јадете повеќе и да се оттргнете од редовното вежбање.

Навиката да јадете кога ви е досадно или кога сакате да се наградите за некој мал успех влегува во психичката категорија. Ова се го надополнува и постојаното бомбардирање со телевизиски огласи и реклами за нездрава храна.

Доколку ги промените навиките можете полесно да ослабете: тргнете ги грицките и далечинското од вашиот домен. Доколку сакате да го промените каналот, тогаш станете од фотељата и сторете го тоа, на тој начин согорувате 15 калории по еден час гледање телевизија, а доколку станувате и за време на рекламите тогаш согорувате 40 калории. А, доколку ептен сте зависни од грицките и чипсот, тогаш јадете ги од кесичка бидејќи така ќе заштедите 130 калории.

Дури и нервозата има свои предности во овој поглед. Бидејќи еве за пример, луѓето кои цупкаат со нозете додека седат дневно согоруваат 350 калории повеќе од луѓето кои седат мирно. Само за споредба, една чаша вино содржи 90 калории, а еден ред од чоколадо 180.

„Постојат многу различни опции со кои можете да почнете да го менувате вашето однесување. Клучот за губење килограми се крие во барем една промена која сте спремни да ја направите, а ќе влијае позитивно и на вашето здравје“, вели британската нутриционистка Бриџет Бенелам.

Еве кои се клучните негативни работи кои влијаат на вашата диета:
Друштвени: притисок да јадете нездрава храна, изолација, долги работни часови.
Психички: стрес и ниска самодоверба, грицкање кога ви е досадно, храна како награда.
Прехрамбени навики: големи порции, пребрзо јадење, импулсивно купување во супер маркет.
Физичка активност: секаде одите со автомобил, користите далечинско, поминувате долго време во затворен простор наместо во природа.
Физиолошки: не спиете доволно, гени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------