Home INFO Колку тоалетна хартија навистина ви е потребно?

Колку тоалетна хартија навистина ви е потребно?

реклама:

Не дека тоа е најважното прашање во моментов, но колку тоалетна хартија навистина ви е потребно?

За оние кои ги мачи ова прашање и се мислат дали да ја стават заштитната опрема за уште едно одење до продавница, веб-страницата howmuchtoiletpaper.com може да им помогне да не се мачат.

На оваа страница ќе најдете калкулатор кој пресметува колку време ќе ви траат залихите на тоалетна хартија за време на карантинот. Треба само да внесете колку ролни тоалетна хартија имате на залиха, како и колку пати дневно одите во веце и некои други „попрецизни“ детали за овие посети на тоалетот во делот „напредни нагодувања“.

Авторите на калкулаторот велат дека досега околу 2 милиони луѓе ја посетиле страницата, како и дека просечниот корисник има неверојатни 500% повеќе тоалетна хартија дома отколку што е потребно за во карантин.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------